Последниот понеделник во календарската 2023-та го нови и последното рангирање на тенисерите на светската АТП листа.

На неа, најдобро рангиран македонски тенисер останува Калин Ивановски. Тој годината ја завршува на 326-тото место, со 159 бодови како и на претходното рангирање. Сепак, тоа е пад за едно место во однос на минатиот понеделник.

Калин годинава го имаше и своето најдобро рангирање во кариерата кога беше на 305-тата позиција.

А, Горазд Србљак и Обрад Марковски годината ја завршуваат со прогрес.

Две места подобро рангиран е Горазд Србљак кој сега е е 1.052-та позиција. Скок од девет позиции имаше Обрад Марковски па сега е на 1.454-тото место.