Младата репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години со победа го полна настапот на „Трофеј Карпати“. 

Во првата рунда од силниот меѓународен турнир во Романија, младите македонски ракометари ја совладаа Саудиска Арабија со 39:27. 

Освен на почетокот кога противникот водеше 2-0, останато време мина во доминација на избраниците на селекторот Стојановиќ. Првото полувреме нашите младинци го завршија со шест голови предност 19:13. 

И во вториот дел македонските младинци играа во одличен ритам, па на крајот славеа со 12 голови разлика.

Во нашата репрезентација четворица ракометари постигнаа по 5 голови: Никола и Самоил Ристески, Димитар Узунчев и Ненад Белистојаноски.

Утре во рамките од 2.коло Македонија за противник ќе ка има селекцијата на Словачка. Во последното коло (в недела) црвено-жолтите ќе играат против домаќинот Романија. 

Овие и сите натпревари што ќе се играат во рамките од ЕХФ неделите, ќе послужат како подготовки за Европското првенство во Словенија што ќе се одржи наредното лето.

Сите актуелности како и натпреварите на „Трофеј Карпати“ можете да ги следите овде.