Екипата на Урава „Ред Дајмондс“ е третиот полуфиналист на Светското клупско првенство, што се одржува во Саудиска Арабија. 

Јапонскиот тим во првиот денешен натпревар од четвртфинална програма минимално со 1-0 го победи мексиканскиот клуб Леон и јапонската. Единствениот гол на мечот го постигна Холанѓанецот, Алекс Шалк во 78-та минута.

Тимот на Урава за противник во полуфиналето ќе го има европскиот шампион Манчестер Сити..

Во вториот денешен натпревар, од 19 часот, за место во ТОП 4 ќе се борат домаќинот Ал-Итихад и африканскиот шампион Ал Ахли од Египет.

Победникот од тој меч во полуфиналето оди на мегдан на јужноамериканскиот првак Флуминенсе.