Машката младинска репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години ја очекува настап на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“. 

Од 15-ти до 17-ти декември, македонските младинци ќе играат на силниот турнир во Романија. Покрај домашната селекција за противници за ќе ги имаат и Словачка и Саудиска Арабија. 

Овие и сите натпревари што ќе се играат во рамките од ЕХФ неделите, ќе послужат како подготовки за Европското првенство во Словенија што ќе се одржи наредното лето.

Денеска селекторот на оваа репрезентација, Радослав Стојановиќ ги соопшти списокот на ракометари кои ќе патуваат за Романија. 

Со проверени сили и без изненадувања, тоа е речиси истиот тим кој пред месец дена славеше во двата натпревари против Турција во Истанбул.

Собирот на репрезентацијата е закажан на 13 декември (среда) во 22.30 часот, пред канцеларијата на РФМ од каде половина час подоцна ракометарите заминуваат за Романија. 

Распоред и термини на натпреварите на младинската репрезентација се следни:
15.12.2023 во 15:00 часот – Саудиска Арабија – Македонија
16.12.2023 во 17:30 часот – Македонија – Словачка
17.12.2023 во 17:30 часот – Македонија – Романија