Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер утре ќе го одигра последниот натпревар во оваа календарска година пред својата публика во Лигата на шампионите.

Пелистерци во рамките на 10.коло на „А“ групата ќе го пречекаат хрватскиот првак Загреб.

Тренерот Бранислав Ангеловски ќе размислува како да ги искористи „маните“ кои ги има противникот.

„Имаат спој на младост и искуство. Кога зборувам за искуство мислам на Диборов, Чупиќ и Гојун. Тоа се трите стратешки позиции кои ја прават одбраната толку хомогена и густа. Нема да биде лесно да ја разбиеме таа одбрана. Загреб игра константно добро и за мене не е во прашање и нивниот пласман во следниот круг на Лигата на шампионите.

Фасцинираат нивните игри, но имаат и маани, на кои ние ќе обрнеме внимание во овие следни два дена и ќе бидеме спремни максимално за нивната игра и во напад и во одбрана“, изјави Ангеловски.

Утрешниот натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб ќе се игра во попладневниот термин од 18.45 часот.