Македонскиот вицешампион Алкалоид со победа го заокружи својот настап во ЕХФ Европската лига.

Во натпреварот од последното 6.коло на Ц групата одигран вечерва во Скопје, Алкалоид ја совлада шпанската Ла Риоха со 28-27.

Алкалоид го отвори мечот со водство од 2-0. Првото израмнување го видовме на 3-3. Во продолжението гостите три мини серии со кои поведоа со +5 (5-10). Сепак до крајот на полувремето избраниците на Лазаров, покажаа карактер и успеаја да израмнат, па и поведат. На паузата се замина со резултат 15-13 за Алкалоид.

На стартот на вториот дел, македонскиот вицешампион отвори со два гола и  поведе со четири разлика (17-13 и 18-14). Неколкуте брзоплети напади им овозможија на гостите да ја анулираат негативата, па дури и победат (18-19).

При резултат 22-21 за Алкалоид, судиите исклучија дури тројца ракометари на нашиот тим. Имаше и седмерец за Ла Риоха но, младиот Гелевски го одбрани. Бројчаната предност сепак шпанскиот тим ја искористи и поведе со (22-23).

Со голот на Марко Митев, Алкалоид на 60 секунди до крајот поведе со 28-26. Прими брз гол, а потоа и направија грешка во нападот, со што му дозволија на противникот да стигне до шанса за израмнување. Сепак, тоа не се случи, па заслужено ракометарите на Алкалоид се израдуваа на победата.

Марко Митев постигна 10, Иван Џонов 5 голови, а брилијантен на голот беше Галевски со 17 одбрани.

Така Алкалоид своето деби на европската сцена го заврши со една победа и нерешен резултата (против Ла Риоха) и четири порази од Силкеборг и Војводина.

Овде може да ја проследите прес-конференцијата по натпреварот.