Вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. оствари победа на гостувањето кај Водно Санс. Во натпревар од 12.коло на второлигашката конкуренција аеродромци славеа со 99-93.

Во првата четвртина двата тима повеќе мислеа на нападот, па резултатот на првата пауза гласеше 24-26 за гостите.

Првата двоцифрена предност ја стекна МЗТ кога во 13.минута поведе со +11 (38-27). На полувремето аеродромци заминаа со девет поени предност 50-41.

Домашниот тим во третиот период беше за нијанса подобар (20-14) па во завршните 10.минути се влезе со резултат 70-77 за МЗТ. Продолжи во ист ритам Водно Санс и по само 90.секунди стига и до -2 (77-79). Но, немаа сили за комплетен резултатски пресврт домашните кошаркари, па МЗТ на на крајот победи со 93-99.

Со оваа победа, а вкупно пет, МЗТ Скопје У.Б. се проби на четвртото место на табелата, во исчекување на останатите резултатот од ова коло.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 8.КОЛО
Сабота
ВОДНО САНС – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.  93-99
18.00 МКК КУМАНОВО – КУМАНОВО 2009
20.00 БОРЕЦ БАСКЕТ – СОКОЛИ
Недела
18.00 ТЕТЕКС – МАЏАРИ
18.00 АНГЕЛИ – МЕГА БАСКЕТ
одиграно во петокот
РАБОТНИЧКИ 2 – ШКУПИ 64-84

ТАБЕЛА: МКК Куманово 14 бодови, Шкупи 14, Маџари 13 , МЗТ Скопје У.Б. 13, Соколи 11, Ангели 11, Борец баскет 11, Водно Санс 11, Работнички-2 10, Мега Баскет 9, Тетекс 8, Куманово 2009 7.