Бундеслигата продолжува со полна пареа, а по вчерашниот триумф на Баерн денеска му се придружуваат Дортмунд и Леверкузен.

Избраниците на Чаби Алонсо играат „страшен“ фудбал сезонава, а тоа го докажаа и денеска. Имено, Леверкузен во гости кај Волзбург славеше 3:0.

Уште во 9-тата минута Оливиер Деман си постигна автогол и противникот поведе со 1:0. Со головите на Џереми Фримпонг во 43-тата и Алехандро Грималдо во 76-тата минута, Леверкузен дојде до сигурна победа од 3:0.

Дортмунд во 28-та минута губеше со 2:0 на „Сигнал Идуна Парк“ од Борусија Мехенгладбах. Но, до крајот на полувремето направија пресврт од 3:2. Конечниот резултат беше 4:2.

Стрелци на головите за Дортмунд беа Сабитцер, Фулкруг, Бјоне-Гитенс и Мален додека кај гостинот Реитц и Коне.

Лајпциг загуби на гостински терен од Волзбург со 2:1. Во 9-тата минута Јонас Винд му донесе предност на Волзбург. Поулсен изедначи во 52-та минута. А конечните 2:1 ги постави Рожерио во 67-та минута.

На останатите натпревари, Унион Берлин извлече бод во финишот со Аугзбург (1:1), а Фрајбург на домашен терен го пречека Дармштад каде што конечниот резултатот беше поставен уште на полувремето – 1:1.