Во машката кошаркарска Прва лига викендов на програмата се дуелите од 9-тото коло.

Дури четири од шесте натпревари се играат денеска и сите во ист термин од 18 часот.

Најинтересно се очекува да биде во СЦ „Јане Сандански“ каде шампионот и лидер на табелата МЗТ Скопје Аеродром го пречекува второ рангираниот Чаир.

Двете екипи во овој натпревар влегува по победите во дерби дуелите со ТФТ и Пелистер остварени пред три дена.

Чаирчани имаат само победа помалку од аеродромци, па доколку го изненадат фаворитот ќе се израмнат со него на врвот на табелата.

Трите останати натпревари денеска ќе се играат во Кавадарци, Гостивар и Гевгелија, додека утрешните два дуели се во Битола и Охрид.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО
Сабота 
18.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – ЧАИР (МРТ3)
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ТФТ
18.00 ГОСТИВАР – АКАДЕМИЈА ФМП
18.00 КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ
Недела 
16.00 ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
18.00 ОХРИД – ФЕНИКС

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 15 бодови, Чаир 14, Еуро Никел 13, Работнички 13, Пелистер 13, ТФТ 13, Феникс 12, Гостивар 12, Вардар 11, Кожув 10, Академија ФМП 9, Охрид 9.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)