Големото латино-американско дерби меѓу Бразил и Аргентина во рамките од квалификациите за СП 2026-та мина во сенка на инцидентот пред натпреварот. 

Дербито на „Маракана“  започна со пола час задоцнување поради тепачка на трибините.

Полицијата во еден момент изгуби контрола над масата воинствени навивачи на двете селекции. Капитенот на Аргентинците, Лионел Меси ја повика екипата да се повлече во соблекувалната. 

Тензиите од трибините се пренесоа и на теренот. Натпреварот изобилуваше со жестоки дуели, остри стартови и многу картони. Аргентина го доби дуелот со 1-0 со голот на Отаменди во 63-тата минута.

Аргентина се зацврсти на првото место на табелата, а Бразил за кого ова беше трет пораз е шести.