Македонскиот вицепрвак Алкалоид го претрпе вториот пораз во Европската лига.

Алкалоид повторно е поразен на домашен терен, прес е поради лошата реализација на чистите изработени ситуации.

Ова е главната констатација по мечот со Бјерингбро Силкеборг кој Алкалоид го загуби со осим разлика.

„Разочаран сум што втор пат на домашен терен имаме лоша реализација. Промашивме пет седмерци, Не реализиравме чисти ситуации во играта со човек повеќе.

Промашивме најмалку седум зицери, а тоа се најмалку 12 гола повеќе на нашето конто.

Да разочаран сум. Не знам дали тоа е притисок од домашниот терен. Сакам да и заблагодарам на публиката што дојде во далеку поголем број од првиот меч со Војводина“,

изјави по натпреварот Кирил Лазаов.

За седум дена овие два тима повторно ќе се сретнат, но тогаш во Данска.