Екипата на Црвена Звезда стигна до својата третата победа сезонава во Евролигата.

На дуелот одигран во Белград, а во рамките на 8.коло Црвена Звезда го демолира Фенербахче со 31 разлика (87-56).

Со исклучок на нерешеното на почетокот 6-6, се натаму беше во знакот на црвено-белите. Со гранитна одбрана домаќините до очај ги доведуваа гостите од Истанбул.

Речиси беспрекорно функционираше и нападот во кој Милош Теодосиќ ја одигра најдобрата партија.

Искусниот плејмејкер беше најефикасен со 18 поени, а во вистински момент ги разгоруваше и останатите. Така Боломбој постигна 14, а Недовиќ додаде 12 поени.

За Фенербахче ова беше вкупно третиот пораз, а втор во низа. Пред пет дена турскиот тим на истиот терен загуби од Партизан.