Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 75 турнирот во јапонскиот град Кобе.

Тој мечот од 1.коло со Јан Баи од Кина го предаде во вториот сет при резултат 6:1 во првиот сет и 4:0 во вториот сет за ривалот.

Парична за ваквиот тек на мечот беа здравствените проблеми што ги имаше Ивановски (стомачен вирус).

Македонскиот тенисер успешно во претходните два дена настапуваше во квалификациите каде постигна две победи. Калин ги совлада домашните тенисери Риуки Мацуда и Џејмс Тротер и со тоа избори пласман на главниот турнир. За настапот на овој турнир Ивановски ќе освои 4 поени.

Следната недела Ивановски го очекува настап на Челинџер турнир во Јокохама, најверојатно повторно ќе стартува со настап во квалификациите.