Екипата на Маџари ја оствари и петата победа во Втората кошаркарска лига. 

Во натпреварот што се играше во два дена, Маџари го победи вториот тим на Работнички со 75:55. 

Инаку овој натпревар започна вчера, а се одигра само едно полувреме кое гостите од Маџари го добија со 43:27. 

Натпреварот беше прекинат на полувремето, поради прокиснувањето на покривот на салата „Парк“, нешто што се случува веќе со години. Второто полувреме се одигра денеска, а дуелот продолжи како и што застана. Гостите ја контролираа играта и резултатот и на крајот заслужено славеа со 20 поени разлика. 

Со оваа победа Маџари се врати на второто место на табелата со 11 бодови колку штоп има и Шкупи. 

Токму овие два тима ќе го играат дербито во следното 7-мо коло. 

ВТОРА ЛИГА – 6.КОЛО
Тетекс ТТК – Куманово 2009 94:70
КК Куманово – МЗТ Скопје У.Б. 61:41
Ангели – Водно Санс 82:65
Борец Баскет – Мега баскет 69:63
Шкупи – Соколи  87:72
Работнички 2018 – Маџари 55:77

ТАБЕЛА: МКК Куманово 12 бодови, Шкупи 11, Маџари 11, Ангели 10, МЗТ Скопје У.Б. 9, Борец баскет 9, Водно Санс 9, Соколи 9, Мега Баскет 8, Работнички 2018  7, Тетекс ТТК 7, Куманово 2009 6;

СЛЕДНО 7.КОЛО (18 и 19 ноември)
Маџари – Шкупи
Мега баскет – МКК Куманово
Водно Санс – Работнички 2018
МЗТ Скопје У.Б. – Ангели
Куманово 2009 – Борец баскет
Соколи – Тетекс ТТК