Женската репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2025-та година.

Откако беа совладани од Португалија, напите кошаркарки денеска загубија од Србија.

Во натпреварот од 2.коло на „Г“ групата одигран во СЦ „Кале“ Србинките славеа со 103-60.

Гостинките ја потврдија фаворитската улога и од самиот почеток па до крајот ја одржуваа и зголемуваа предноста. На крајот Србинките славеа со 43 поени разлика, еден повеќе одошто ја совладаа Украина пред три дена (42).

До втората победа стигнаа и Португалките која ја совладаа Украина со 78-63.

Сега во квалификациите следува едно годишна пауза. Следните два натпревари ќе се играат дуели во ноември месец следната година.

Македонските кошаркарки тогаш двата меча против Украина и Португалија ќе ги играат на домашен терен.