Во Првата македонска фудбалска лига, попладнево ќе бидат одиграни два натпревари со кои ќе се комплетира 14-тото коло. 

И двата натпревари се своевидни дерби средби. 

Сепак, онаа во Кратово секако ќе го понесе приматот, бидејќи во него играат Силекс и Шкупи. 

Кратовци се четврто рангирани на табелата и играа одлично сезонава пред се на домашен терен каде немаат ниту еден пораз сезонава. 

Лидерот на табелата Шкупи не може да се пофали со одлични настапи на гостински терен. Чаирчани на шесте натпревари досега забележаа само две победи. 

Во локалното скопско дерби во Ѓорче Петров кај Македонија гостува Работнички. 

Двата тима играат променливо сезонава и се со повеќе порази отколку победи. Затоа Работнички е деветти со само еден бод повеќе од Македонија Ѓ.П. на 10-тото место. 

Двата денешни натпревари ќе започнат во терминот од 13 часот. 

ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО
денеска
СИЛЕКС – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
вчера
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
БРЕРА СТРУМИЦА – СТРУГА Т.Л. 2-1
ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-2
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0

Standings provided by Sofascore