На три трки до крајот на сезоната се разжештува битката за шампионскиот трофеј во Мото ГП првенството.

Ова откако утринава Шпанецот, Алекс Маркез (Дукати-Гресини) победи на спринтот пред утрешното ГП на Малезија.

Маркез заврши прв пред сонародникот Хорхе Мартин од Дукати-Прамак, кој ја намали разликата во однос на  Франческо Бањаја кој како трет ја мина целната рамнина.

Сега разликата меѓу Мартин и Италијанецот е само 11 поени во корист на актуелниот светски првак Бањаја. 

Токму тој утре ќе ја има пол-позицијата, а веднаш зад него во првиот ред ќе бидат Мартин и Бастианини.

Стартот на трката за големата награда на Малезија е во 8 часот.