Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски има одличен старт на сезоната во американската Универзитетска лига (НЦАА).

Јакимовски и во вториот натпревар за својот Универзитет на Вашингтон Стејт беше еден од најдобрите поединци. 

На паланчанецот, му недостасуваше еден скок да оствари дабл-дал учинок. Андреј во победата на „Кугарс“ противи Прејри Вју со 83-65, постигна 14 поени, а имаше 9 скокови. 

Вашингтон Стејт ја забележа втората победа, а Јакимовски уште еднаш потврди дека е во одлична форма.

До следниот натпревар Јакимовски со Вашингтон Стејт ќе го игра 24 ноември, против Јута Тек на домашен терен.