Во Првата машка кошаркарска лига денеска ќе бидат одиграни сите натпревари од седмата рунда, оние што останаа да се игра.

Потсетување дека во средата и МЗТ Скопје Аеродром славеше очекувана победа на Феникс и си ја заврши работа та останувајќи на 1.место на табелата.

Во трката по МЗТ се два тимот ТФТ и Чаир.

Екипата на ТФТ ќе го игра дербито со Пелистер во Битола, додека Чаир му гостува на Гостивар.

Во Кавадарци Еуро Никел се среќава со Охрид, додека Работнички е апсолутен фаворит во дуелот против Академија ФМП.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО
сабота
18.00 ГОСТИВАР – ЧАИР
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ОХРИД
18.00 КОЖУВ – ВАРДАР
18.30 ПЕЛИСТЕР – ТФТ (МРТ)
19.00 АКАДЕМИЈА ФМП – РАБОТНИЧКИ
среда
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 73-64

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 13 бодови, ТФТ 11, Чаир 11, Еуро Никел 10, Пелистер 10, Феникс 10, Вардар 9, Работнички 9, Гостивар 8, Охрид 7, Кожув 7, Академија ФМП 6