Со натпреварот што ќе се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде отворена седмата рунда во Првата машка лига.  

Шампионот и лидер на табелата МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на Феникс. Разбирливо аеродромци важат за фаворит во овој дуел, кој е последна проверка за нивната форма пред вториот турнир во АБА2 лигата. 

Имено следната седмица во Златибор, ќе се играат натпреварите од 3,4 и 5.коло во регионалното натпреварување. МЗТ првиот меч ќе го игра на 14 ноември и практично ќе има пет дена за подготовка. 

Иако и битолски Пелистер и екипата на ТФТ ќе играат на Златибор, и тоа меѓусебно во 4.коло, сепак овие два тима своите натпревари од 7-то првенствено коло ќе ги играат во сабота.

Сите натпревари од 7.коло во Првата македонска лига, може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 7.КОЛО
среда
17.30 МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС (МРТ)
сабота
18.00 ГОСТИВАР – ЧАИР
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – ОХРИД
18.00 КОЖУВ – ВАРДАР
18.30 ПЕЛИСТЕР – ТФТ МОЦАРТ (МРТ)
19.00 АКАДЕМИЈА ФМП – РАБОТНИЧКИ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 11 бодови, ТФТ 11, Чаир 11, Еуро Никел 10, Пелистер 10, Феникс 9, Вардар 9, Работнички 9, Гостивар 8, Охрид 7, Кожув 7, Академија ФМП 6

МЗТ СКОПЈЕ ПРЕКУ ФЕНИКС ДО ПРВИОТ ТРОФЕЈ ВО НОВАТА СЕЗОНА