Играчот од средниот ред на Барселона, Педри нема да биде подготвен за дербито со Реал Мадрид.

Каталонските медиуми открија дека Педри, не добил зелено светло за враќање против Шахтјор во Лигата на шампионите, што било предуслов за да игра против Реал во сабота.

Шпанецот е повреден пред речиси два месеци. Неговото отсуство се уште се чувствува, а тој нема да биде подготвен за првото сезонско „Ел Класико“.

Се очекува повторно да игра тандемот Гундоган – Гави, со оглед на тоа што е повреден и Де Јонг нема да се врати на терените до првата недела од ноември.

Чави се надева дека Левандовски и Рафиња би можеле да добијат зелено светло пред „Ел Класико“.

Засега со сигурност се знае дека нема да бидат подготвени ниту Кунде и Серхи Роберто.

Утре Барселона ја очекува дуел со Шахтјор во Лигата на шампионите, а потоа Реал во сабота од 16:15 часот.