Барселона ја забележа и третата победа во новата сезона на Евролигата.

Шпанскиот тим на гостувањето во Белград кај Партизан славеше со 92-83 и го одржа максималниот ефект.

По почетното водство на црвено-црните, гостите ја презедоа контролата на резултатот и веќе на полувремето имаа двоцифрена предност (44-34).

Партизан со сите сили се обидуваше да ја анулира таа негатива, но Барселона искусно го одработи мечот и заслужено славеше.

Аргентинецот, Лапровитола со 20 и Вили Хернангомез со 15 поени ја предводеа Барселона до оваа победа.

Веќе во петок Барса ќе игра против минхенски Баерн, а Партизан во четврток гостува во Атина кај Олимпијакос.