Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, претрпе пораз од Молдавија. 

Во натпревар од 3.коло во квалификациите за Европскиот шампионат 2025-та, Молдавија славеше со 2:1. 

Иако се надеваа и најавуваа победа и три бода, од гостувањето во Кишинев, избраниците на Канатларовски се враќаат со нула.

Најголемата шанса во првиот дел за нашата селекција ја имаше Иван Николов, но неговиот удар од 18 метри заврши неколку сантиметри над голот.

Во вториот дел. Домаќините од 52.минута останаа со играч помалку поради црвениот картон на Дану. Сепак тоа нашите фудбалери не успеаја да го казнат. Напротив. 

По две брзи контри примија два гола.  Раилеану во 55-минута ја измеша нашата одбрана за водство од 1:0. 

надежта пет минути подоцна (55) ја врати Станковски израмнувајќи на 1:1.

Повторно нерешителноста на нашите фудбалери беше казнета во 88.минута со голот на Лупан кој ги постави конечните 3:1 за Молдавија.

По овој пораз напите младинци паднаа на 5.место на табелата, зад Молдавија.