Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер претрпе нов пораз.

Во натпревар од А групата од Лигата на шампионите откако вечерва загуби од францускиот првак ПСЖ со 31:26 (15:12).

Но, она што може да ги радува симпатизерите на битолскиот клуб е тоа што тимот ја „крева“ формата, а евидентно е дека на новите играчи им е потребно време да се воиграат.

Првото полувреме во најголемиот дел беше изедначено, а македонскиот првак имаше и водство во два наврати (6:5 и 7:6). По 10:10 избраниците на тренерот на ПСЖ Раул Гонзалез направија серија од 5:2 и на полувреме водеа со 15:12.

Во вториот дел Еурофарм Пелистер најпрво намали на 20:19, но потоа ПСЖ имаше и највисока предност од 27:21.

Камил Шипжак беше најефикасен на натпреварот со 7 голови. Кај Пелистер, Жарко Пешевски, Домен Тајник и Урош Боржаш постигнаа по 5 голови.

Битолчани по четвртото коло и натаму се последни на табелата без освоен бод.

Пелистер следниот натпревар го игра на 19.октомври во Загреб против екипата на ППД Загреб.