Ракометарите на Алкалоид го продолжија максималниот ефект во Супер лигата. Во дерби дуелот од 7.коло на „А“ групата на двете досега непоразени екипи, Алкалоид го совлада Тиквеш со 30-22.

Домашниот тим од самит почеток ја презеде контролата на резултатот. Во поголемиот дел од првиот дел избраниците на Лазаров водеа со 4 голови, а на паузата заминаа со -3 (14-11).

Во втората половина од второто полувреме, речиси на секој два гола на Алкалоид гостите од Кавадарци постигнуваа по еден. Така на крајот Алкалоид заслужено стигна до триумф со 30-22 и ја прокнижи седмата победа.

Голманот Благојче Трајковски со 13 одбрани беше еден од најзаслужните за оваа победа на Алкалоид. Со по 5 гола најефикасни во победничката екипа и на натпреварот беа Џоноџ и Арно, додека кај гостите Симиќ постигна 4 гола.

За двете екипи претстојат европските настапи.

В недела Тиквеш го игра првиот натпревар од Европскиот куп, а во вторник во „Јане Сандански“ Алкалоид против Војводина дебитира во Европскиот куп.