Во Лондон, Вест Хем беше домаќин на Њукасл, но не успеа да ја продолжи победничката серија. Имаа водство домаќините, но на крајот спасуваа бод, а натпреварот заврши 2:2.

Вест Хем поведе во осмата минута со голот на Соучек, предност која „чеканите“ на полувремето успеаја да ја сочуваат.

Сепак, пет минути беа доволни за да се сврти Исак.

Најпрвин погоди во 57-та минута, а потоа во 62-та искористи уште една асистенција на Трипиј за водство на Њукасл 1:2.

Во последните минути, нововлезениот Кудус ја искористи асистенцијата на Куфал за конечни 2:2.

Со по еден освоен бод, двете екипи останаа на седмата и осмата позиција. Вест Хем сега има 14, а Њукасл еден помалку.