Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба во меч од втората рунда кој траеше без малку три часа ја совлада Унгарката Река-Луца Јани со 2-1.

Ѓорческа до 3.на фјучрсот во Куршумлијска бања, Србија се избори со 6-7(5), 6-4 и 7-6(3).

Првиот сет и припадна на Унгарката. таа прва направи брејк за водство од 3:1 во сетот. Во продолжение тенисерките имаа проблем да освојат гем на свој сервис. Лина изедначи на 5:5. Но, сепак сетот беше решен во тај-брекот. По водството на Ѓорческа од 5:3 на поени, противничката со серија од четири поени дојде до 7:5 и водство од 1-0 во сетови.

Во вториот сет македонската тенисерка прва направи брејк за водство од 2:0, но брзо стигна изедначување на 2:2. Унгарската тенисерка со брејк поведе и со 4:3. Сепак до крајот на сетот трите гема ги доби Ѓорческа за 6:4 и израмнување на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет тенисерките се менуваа во водство. Ривалката поведе со 5:4 и во 10-тиот гем беше на сервис. Но, македонската тенисерка спаси четири меч топки и по 14 одиграни поени во гемот изедначи на 5:5. Веднаш поведе со 6:5, а во следниот гем ја имаше првата меч топка. Лина не ја искористи. Сепак во тај-брекот беше убедлива и со 7:3 на поени, а со тоа  го заврши сетот и го доби мечот.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против домашната тенисерка Миа Ристиќ (17 год., 332 место ВТА). Таа денеска ја победи 11.носителка Гергина Топалова од Бугарија со 2-0 во сетови (63 63).