Екипата на Чаир настапи во втората квалификациска рунда од Европскиот Куп против тимот на Венло. Чаирчанки се поразени убедливо со 26:39.

Натпреварот стартуваше со серија од 3-0 за гостинската екипа. Холандскиот тим успешно ја зголемуваше предноста и во 10-тата минута поведе со 8:2.

Чаир се обиде да ја намали негативата но, гостите не попуштија и зголемија на +10 (15:5). До крајот на првото полувреме гостите одиграа одлично и ја одржуваа предноста. Па на полувреме резултатот беше 19:10 за холандскиот тим.

Второто полувреме Венло ја одржуваа предноста и не дозволија домаќините да ги стигнат, па во 9-тата минута имаше +12 (27:15). До крајот рутинирано го одработија мечот и славеа со конечни 39:26.

Најефикасна на натпреварот беше Лисане од тимот на Венло со 11 голови, додека за Чаир Марија Николовска постигна шест погодоци.

Реваншот во Холандија ќе се одигра на 30 септември со почеток од 19 часот.

И двете други македонски екипи играат викендов.

Во текот на утрешниот ден ќе се одиграат два натпревари од Европскиот Куп. Куманово ќе го одигра реванш натпреварот со тимот на Херцогенбуше во 16 часот, додека во 18 часот Ѓорче Петров ќе ја пречека екипата на Тиват во салата Автокоманда.

Ивона Кимовска