Македонската репрезентативка Теодора Дукоска во новата сезона ќе го има својот прв интернационален ангажман. Таа потпиша договор со словачкиот шампион Јувента Михаловце.

Дукоска веќе им се приклучи на подготовките на новиот тим, со кој ќе има можност да настапува на повеќе фронтови. Освен во словачкото првенство, Јувента Михаловце ќе се натпреварува и во регионалната МОЛ лига, како и во ЕХФ Европскиот Куп, каде македонската ракометарка ќе добие можност да се докажува и на европската сцена.

Ракометниот пат на Дукоска започна во матичниот клуб Стружанка, а во својата досегашна кариера во два наврати ги бранеше боите на Чаир, како и на Ѓорче Петров, оставајќи значаен белег во македонскиот женски ракомет.

Ивона Кимовска