Германскиот шампион минхенски Баерн ја оствари и четвртата победа во новата сезона на Бундес лигата.

Пред своите симпатизери Баерн славеше убедлива победа против Бохум со 7-0.

Серијата на голови ја отвори Чупо Мотинг уште во 4-тата минута. Хари Кејн својот прв од трите гол на мечот го постигна во 13-тата за 2:0.

До крајот на првото полувреме веќе беше 4-0, а во листата на стрелци се впишаа Ле Дигт (29) и Сане (38).

Не минаа ниту 10-минути од вториот дел, која Кин од пенал зголеми на 5-0.

Стрелец на шестиот гол беше Матис Тел во 82-та минута, а Кеј до својот трет фол стигна во 88-минута, поставувајќи ги конечните 7-0

Дербито меѓу Унион Берлин и Хохенхајм им припадна на гостите со 2-0.

Победи забележаа и Лајпциг на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах 1-0, како и  Борусија Дортмунд над Волхсбург со (1-0).

Баерн е лидер на табелата со 13 бодови, а еден помалку имаат, Штутгарт, Лајпциг, Хофенхајм и Борусија Дортмунд.