Со истиот број поени од минатата недела, македонските тенисери Калин Ивановски и Горазд Србљак имаат мал пад на АТП листата.

Ивановски е на 330-тото (пад од две позиции), а Србљак е на 1100.то место (пад осум позиции) со 9 поени.

Обрад Марковски не успеа да ги одбрани поените и откако остана со 4 поени (два помалку) забележа пад од 169 места и сега се наоѓа на 1382.то место.

Во конкуренција на двојки. Ивановски со 79 поени е на 631.то место (скок за четири позиции).

Марковски и тука има пад од 81 место и со 21 поен (четири помалку) се наоѓа на 1219.то место.

Берк Бугариќ е пласиран на 1339.то место со 16 поени (пад за девее позиции), додека Елдин Хусеиновиќ е на 2048.то место со 3 поени (пад за 13 места).