Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа експресно за само 51.минута се пласира во полуфиналето на фјулерсот во Скопје,

Ѓорческа со само еден загубен гем го доби четвртфиналниот меч пратив Сада Нахимана од Бурунди. 

Тетовката првиот сет го доби со убедливи 6-0, а во вториот и препушти на противничката само еден гем (6-1).

Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против Ива Приморац.

Хрватската тенисерка во четвртфиналето ја елиминира првата носителка Леолиа Жанжан од Франција со 2:0 (6-3, 6-2) во сетови.