Македонија утре ја пречекува Италија во натпревар од квалификациите за ЕУРО 2024.

Тимскиот дух и дисциплината се предуслов за позитивен резултат со европскиот шампион.

,,Кога играта со таков противник како Италија, никогаш не чувствуваме притисок. Напротив.

Секогаш со вакви противници сте мотивирани повеќе да го дадеме најдоброто од себе.

Со максимален ангажман во текот на сите 90.минути може да го направиме тоа.

Верба за такво нешто ми дава далеку подобрата физичка подготовка во однос на јунските натпревари”, изјави Милевски.

Натпреварот Македонија – Италија ќе се игра на арената ,,Тодор Проевски” утревечер од 20.45 часот.