Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Косово.

Во еден интересен натпревар, полн со возбудувања и отворена игра на двете репрезентации, избраниците на селекторот Дашмир Беари одиграа нерешено 1:1.

По едно полувреме им припадна на двете селекции. Косово поведе со 1:0 во 31 минута од натпреварот.

Во 73 минута од средбата, Македонија успеа да го израмни резултатот. Албион Муслиу стрелаше за нашата репрезентација и ги постави конечните 1:1.

Овие две селекции утре во 11 часот ќе го одиграат вториот контролен меч.

Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Хисар Али, Каменчно Андоновски, Стефан Младеновски, Марко Киш, Албион Муслиу, Адмир Латифи;

Резерви: Здравко Перески, Беркај Шаини, Онур Бесир, Никола Ангелов, Милош Спасовски, Флорим Далипи, Златко Радевски, Еранд Зиба, Ариф Локу;

Селектор: Дашмир Беари;