Македонската одбојкарска репрезентација е во Бари, Италија. 

Таму напите одбојкари ќе го одиграат осминафиналниот меч на Европскиот шампионат. 

По настапот во Скопје и освоеното 4.место во групата, Македонија, е дел од ТОП 16-те  репрезентации на ЕП. 

Противникот во осминафиналето е апсолутен фаворит. Италија е актуелен светски и европски шампион, а воедно и домаќин на овој шампионат. 

Јасно им е на напите одбојкари дека во мечот со Азурите нема што да бараме, но дека сите кои в сабота ќе играат ќе го дадат максимумот и едноставно ќе уживаат.

Како што вели искусниот Владо Милев  – ова е меч на нивните кариери.