Карлос Алкараз и Данил Медведев го комплетираа вториот пар во машка конкуренција за полуфиналето на УС Опен

Првиот носител во Њу Јорк, Алкараз многу полесно од очекуваното, во четвртфиналето го совлада Германецот, САлександер Зверев. 

Неполни 2,5 часа траеше мечот кој младиот Шпанец го доби во три сета со 6:3, 6:2 и 6:4

Следен противник на Карлос Алкараз ќе биде Данил Медведев.

Рускиот тенисер и трето рангиран во светот, беше подобар од сонародникот Андреј Рубњов со 6:4, 6:3 и 6:4. 

Денеска е слободен ден на УС опен на полуфиналните натпревари ќе се играат утре.

Во првиот ќе се сретнат Србинот, Новак Ѓоковиќ и Американецот, Бен Шелтон, а по нив ќе следува дуелот Алкараз – Медведев.