Два супер интересни меча се одиграа ноќеска во Њу Јорк, на последниот Генд глем турнир, УС Опен. 

По нив Александер Зверев и Данил Медведев обезбедија пласман во четвртфиналето. 

Голема борба водеше Германецот, Зверев кому му беа потребни речиси пет часа да го совлада Јаник Синер.

Зверев, кој е 12.носител со 6:4, 3:6, 6:2, 4:6 и 6:3 стигна до четвртфиналето во кое за противник ќе го има првиот носител Карлос Алкараз.

Нешто полесна победа оствари Данил Медведев кој во три сета (3-1) го победи Австралиецот, Алекс Де Минаур

Русинот кој е трет носител, во четвртфиналето ќе се соочи со својот сонародник, осмото рангираниот тенисер во светот Андреј Рубљов.