Миленичката на домашната публика во Њу Јорк , Коко Гоф вечерва се пласира во полуфиналето на УС Опен.

Младата Американка за само 69 минути во два сета ја совлада Летонката, Јелена Остапенко. 

Шестата тенисерка во светот, во првиот сет не загуби ниту еден гел (6:0), а во вториот и дозволи да освои само два на противничката 6:2.

Гоф во полуфиналето ќе игра против подобрата од дуелот меѓу (10 носителка) Каролина Мухова и Романката, Кристеа (30).