Следната седмица продолжуваат натпреварите во квалификациите за Еуро 2024. 

Македонија за прв противник во септемврискиот круг ќе ја има Италија. 

Новиот селектор на Азурите, Лучијано Спалети го одреди поширокиот список на Италијанците кои ќе конкурираат за составот во мечот со Македонија.  

Без големи изненадувања е списокот на новиот предводник Спалети. 

Натпревар Македонија – Италија е закажан за 9 септември, на арената ,,Тодор Проевски” во Скопје.