Македонски тенисери ќе бидат дел од фјучрс турнирот што се игра во Куршумлијска Бања, Србија.

На турнирот паралелно се играат мечевите во машка и во женска конкуренција.

На женскиот дел од турнирот Магдалена Стоилковска ќе настапува во сингл и во конкуренција на двојки.

Таа во 1.коло денеска ќе игра против 6.носителката Сабина Дадациу од Романија. Заедно пак со Романката ќе настапуваат во двојки. Во првото коло тие ќе играат против српско-романската комбинација Јована Грујиќ и Паула Михаела Оница.

На машкиот дел од турнирот, Горазд Србљак ги чека противникот од квалификациите, кои се играат и денеска.

Обрад Марковски во првата рунда ќе игра 17-годишниот тенисер од Србија Алекса Писариќ. Најверојатно македонските тенисери утре ќе ги играат мечевите од првото коло.

Во квалификациите на овој турнир настапуваше и Шендрит Деари, но беше запрен во второто коло од квалификациите.

Тој загуби од Русинот Максим Крапивин со 2-1 во сетови, додека во првото коло го победи Никола Митровиќ од Србија со 2-0.