Првиот дел на Гранд слемот УС Опен донесе големо изненадување. За тоа се погрижи Роберто Карбалес Баена.

Шпанскиот тенисер кој е 63-ти на АТП листата го елиминира четвртиот тенисер во светот Холгер Руне. Триумфот Баена го најави во првиот сет кој го доби со 6-3. Данецот возврати во вториот со 6-4. Во следните два Шпанецот целосно го надигра фаворитот и ги доби сетовите со 6-3 и 6-2, а мечот со 3:1.

Така Баена обезбеди пласман во 2.коло во кои ќе игра и неговиот сонародник Алехандро Давидович Фокина. 

Првата рунда ја мина и Норвежанецот, каспер Руд кој е 5-то рангиран во Њу Јорк.

Понатаму одат и Американците, Фриц (9-носител), Тиафо (10), Пол (14) и Јубанкс (24).