дЕкипата на Дубочица од Лесковац е победник на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ одржан во Прилеп.

Во финалето на осмото издание на овој турнир, српската екипа го победи младиот тим на Мулти Есенс со 30-21.

За екипата од Лесковац ова е втор трофеј во низа на меѓународниот турнир во Прилеп.

Третото место го освои домаќинот Прилеп кој беше подобар од вториот тим на битолски Еурофарм Пелистер со 29-24.

Финскиот тим на Кокс со 27-25 ја победи екипата на Струга во натпреварот за 5-тото место, а седмото му припадна на Пролет кој го совлада Скопје со 27-23.

ФИНАЛЕН НАТПРЕВАР