Mакедонскиот напаѓач Дориан Бабунски во новата сезона ја промени средината и од Дебрецен се сели во швајцарската прва лига, во тимот на Грасхоперс.

Швајцарскиот клуб се мачи со реализацијата на стартот на новата сезона па токму и оттаму решеноста да го донесе Дориан.

Според пишувањата на тамошните медиуми трансферот ќе тежи вкупно 700.000 евра.

Бабунски стави потпис на договор во траење од две сезони, со опција за продолжување на уште една.

Бабунски зад себе остави одлични една и пол сезона во Дебрецин, на 38 лигашки натпревари постигна 18 погодоци.