Шестото коло во македонската ракометна Суперлига го носи највозбудливиот натпревар овој викенд. Дербито на колото ќе се игра во Охрид каде истоимената домашна екипа го пречекува Алкалоид.
Охриѓани влегуваат во овој дуел со три победи, едно реми и еден пораз. Тие во претходното коло загубија убедливо на тешкото гостување кај шампонот Вардар.
Гостите од Автокоманда играат во фантастична форма и имаат максимални пет победи на исто туку одиграни натпревари. Алкалоид во минатото коло славеше тесна победа против Тиквеш.
Двете екипи имаат високи амбиции и бодовите се исклучително важни за табелата. А, таму моментално лидер е Еурофарм Пелистер кој вчера славеше над Куманово.
Дербито Охрид – Алкалоид ќе почне во терминот од 18.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ👇.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



























