Македонскиот женски одбојкарки првак тимот на јанта волеј не успеа да направи изненадување во својот трет настап во Лигата на шампионките.
Вечерва пред скопската публика тимот на јанта волеј е поразен со 1:3 во дуелот со француска екипа на Валеро Ле Кане.
Гостинките од Франција кои ја имаа улогата на фаворит, ја потврдија во текот на целиот меч. Лесно го отворија натпреварот и брзо остварија голема предност во првиот сет што го добија со 15-25.
И во следниот сет, противничките ја контролираа играта, па го добија него со идентични 10-25. Конечно во третиот ја видовме вистинската игра на македонските шампионки. Тие беа оние кои го наметнаа своето темпо и ритам. Постојано беа во предност, а најголемата изнесуваше четири поени. Го доби Јанта волеј сетот со 25-20 и намали на 1:2 во сетови.
Четвртиот сет беше решен во раната фаза. По израмнетата 3-3, гостинките направија серија од 1-8 и направија недостижна предност која ја заокружија добивајќи го сетот со убедливи 9-25.
Реванш натпреварот во Франција ќе се игра на 13 ноември.

































