Ракометниот клуб на Бутел Скопје пред стартот на новата сезона ја продолжи соработката со тројца млади ракометари.

Станува збор за левиот бек Илија Пејковски, левото крило Филип Бошковски и кружниот напаѓач Стефан Јовевски.

„Сите тројца ракометари ја продолжија верноста за уште три сезони и ќе останат во нашиот клуб најмалку до 2026 година“, се вели во информацијата на РК Бутел.

Следен предизвик за Бутел Скопје и ракометарите ќе биде настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид од 23 до 26 август.

Инаку екипата на Бутел во претстојната сезона ќе игра во „посилната“ група „Б“ на Супер лигата. Бутелчани во неа за противници ќе ги имаат: Еурофарм Пелистер, Вардар, Пролет, Мулти Есенс, Голден АРТ, Прилеп и Вардар Неготино.