Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз со многу мака се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати.

Шпанецот по 2 часа и 42 минути игра, Шпанецот го совлада Џордан Томсон со 2:1 во сетови.

Во првиот Австралиецот прв направи до брејк, но Алкараз успеа да ја надополни негативата и да го освои сетот 7-5.

Сепак, во вториот Томпсон успеа да го фати вистинскиот ритам и целосно да доминира со 6-4.

Во решавачкиот Алкараз уште на стартот поведе со 2-0, подоцна направи уште еден брејк и на крајот победи со 6-3.

Следен противник ќе му биде победникот од дуелот меѓу Иго Амбер и Томи Пол.