Младата фудбалска репрезентацијата на Македонија до 18 години ќе одигра пријателски натпревар против соодветната селекција на Унгарија.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ интензивно се подготвуваат овие неколку дена за претстојниот дуел со квалитетна селекција на Унгарците.

Селекторот, Вујадин Станојковиќ за претстојниот предизвик се одлучи да ги повика следните играчи:

Голмани: Славе Вргов (А.П. Брера), Амар Хаџибулиќ (Работнички);
Одбрана: Анес Мелиќи (Шкендија), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Бојан Ивчески (Победа), Теодор Хаџи Попоски (Работнички), Андреј Љубевски (Работнички), Јован Постолов (А.П. Брера);
Среден ред: Максимилијан Димитријевски (Борусија Минхенгладбах, Германија), Давид Ристовски (А.П. Брера), Милот Синани (Арау, Швајцарија), Алтин Нурединовски (Њу Старс), Алмир Подграѓа (Работнички), Никола Манојлов (Работнички), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Андреј Силјаноски (Пелистер);
Напад: Матеј Гаштаров (Вардар), Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Тарик Демишоски (Македонија Ѓ.П.);

Во македонската репрезентација до 18 години беше повикан одбранбениот играч Андреј Велков од А.П. Брера, но поради обврските со првата екипа на тимот од Струмица, не доби дозвола за приклучување на таборот во националниот тим. Мухамед Елмаз исто така не е приклучен во тимот, доби дозвола од селекторот, бидејќи моментално е во Холандија, на тренинг камп во Гронинген.

„Овие фудбалери созреваат и на физички и на психолошки план. Како селекција одиме во нагорна линија, се подобруваме и верувам дека можеме да бидеме само подобри во иднина. Радуваат нашите претходни средби со Романија и Црна Гора, каде што успеавме да одиграме навистина добро и да оствариме по една победа против две добри селекции. Создаваме добар колектив, овие млади деца полека стануваат вистински фудбалери кои ќе бидат подготвени да се борат за место во првиот тим на своите клубови“, вели селекторот.

Контролната средба помеѓу Македонија и Унгарија ќе биде одиграна на стадионот во „Ѓорче Петров” утре со почеток од 17 часот.