По победата во првиот меч против Белгија и високиот пораз од Франција, вечерва кадетите ќе се сретнат со Литванија на ЕП 2023 во Скопје.

Македонија ја победи Белгија со 63-57 на отворањето. Па забележа срамен пораз од Франција со 113-56 во рамките на групата Б.

Па така во последниот меч од групната фаза, Македонија денеска ќе игра против лидерот во нашата група Литванија. Во вториот меч, Франција ќе игра против Белгија.

Нашиот последен противник во групата стигна до две победи против Франција и Белгија. 

За потсетување, во следната фаза нашата група Б ќе вкрстува со групата А каде се наоѓаат селекциите на Италија, Словенија, Црна Гора и Турција.

Противникот во следната фаза ќе го дознаеме денеска по одигрување на последното 3.коло од фазата по групи.

Мечот се игра во СРЦ Кале со почеток од 18.30 часот, а Франција и Белгија ќе се сретнат во 13.30 часот.

Затоа ги повикуваме сите да дојдат во салата и во што поголем број да им дадеме поддршка на нашите момчиња.

Влезот е СЛОБОДЕН, а натпреварот можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ