По едно дневен одбој машката јуниорска репрезентација на Македонија ги продолжува настапот на Европското првенство (дивизија Б).

На првенството за играчи до 18 години што се одржува во Португалија, македонските надежи денеска ќе играат против Норвешка.

По двата порази од Велика Британија и Австрија, нашите јуниори ги загубија шансите за пласман во четвртфиналето. Сега им останува против Норвежаните кои важат за аутсајдери во групата А, ќе ја бркаат првата победа. Со неа црвено-жолтите би се избориле за позициите кои кои водат во разигрувањето за пласман од 9 до 16 место.

денешниот натпревар меѓу Македонија и Норвешка ќе почне во 19 часот, а ќе можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.